X

За Нас

The argument in favor of using filler text goes something like this: If you use real content in the Consulting Process, anytime you reach a review

Contact Info

  • State Of Themepul City, BD
  • info@restly.com
  • Week Days: 09.00 to 18.00

Општи услови за патување

Транскоп > Општи услови за патување

Врз основа на член 53 од Статутот на  Патнички сообраќај ”ТРАНСКОП “ АД – Битола,  генералниот директор на Друштвото на ден 30.12.2024 година, ги донесе следните:

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ
1.Со овие услови за патување се дефинираат општите услови и правила за превоз на
патници во меѓуопштинскиот и меѓународниот патен сообраќај со возилата на Патнички
сообраќај Транскоп А.Д. Битола.
1.1  Општите услови за патување дефинирани во овај акт, се во согласност со Законот за
договорите за превоз во патниот сообраќај (Службен весник на РМ бр.23/13 и 156/15),
Законот за превоз во патниот сообраќај и сите подзаконски акти што ја регулираат оваа
материја.
1.2Одделни изрази употребени во овие општи услови за патување го имаат следново
значење:
– Превозник е домашно или странско физичко или правно лице, сопственик на превозни
средства, односно ги користи врз основа на договор за лизинг, кое врз основа на договор за
превоз за одреден надоместок превезува патници на територија на Република Македонија
или надвор од нејзините граници;
– Корисник на превозот е физичко или правно лице кое врз основа на договор за превоз
со превозникот за одреден надоместок во свое име се здобива со одредени права и обврски
во внатрешниот и меѓународниот превоз на патници
– Патник е лице кое превозникот за одредена цена или врз основа на договор за превоз го
превезува со возило за превоз на патници во патниот сообраќај;
– Организатор на превоз е правно лице кое во свое име, а за сметка на корисник на
превоз, со превозникот склучува договор за превоз;
– Багаж се предмети што патникот има право да ги носи со себе врз основа на договор и/
или врз основа на општите услови за превозот на патници и се сместуваат во простор од
возилото наменето за таа цел;
– Рачен багаж се предмети што можат да се внесат во внатрешноста на возило, се
сместуваат на одредено место за таа намена или пред или под седиштето на патникот и кои
патникот сам ги чува;
– Место на поаѓање е место во кое започнува договорениот превоз на патници;
– Возен билет е документ со кој патникот може да го оствари своето право на превоз на
одредена дестинација. Возниот билет може да биде издаден во хартиена форма од
автобуските станици и други продажни места или во електронска форма од интернет
страните за продажба на возни билети со кој Друштвото има склучено договори за
продажба. Возниот билет преставува доказ дека е склучен договор за превоз со патникот.
– Резервација на електронски билет претставува намера на патникот да патува на
одредената релација со превозникот, при што истиот е должен најмалку 12 часа пред
терминот за поаѓање да го потврди или откажи возниот билет.
– Договор за превоз е документ склучен помеѓу превозникот и патникот, со кој поблиску
се регулираат правите и обврските на договорните страни

2. Општи обврски и одговорност на патникот при користење на услугите на превозникот 

2.1 Патникот ги надоместува сите трошоци поврзани со и околу патувањето, а ги
вклучуваат трошоците за купување на возниот билет, согласно Ценовникот на превозникот,
трошоците за резервација, дополнителен багаж, станични услуги и слично.
2.2 Патникот е должен на барање на возачот или друго лице на превозникот да му го даде
на увид возниот билет, а исто така е должен за цело времетраење на превозот да го чува
возниот билет.
2.3 Патникот мора својата резервација да ја потврди најмалку 12 часа пред терминот за
поаѓање на автобусот, во спротивно превозникот не одговора за евентуално немање на
доволен број на седишта за седење во возилото
2.4 Патникот му одговара на превозникот за обврските што произлегуваат од договорот во
случаи на нанесена намерна или ненамерна штета на возилото и неговата опрема од страна
на патник за време на извршувањето на превозот или за време на влез или излез од
возилото
2.5 Патникот е должен секој приговор во однос на патувањето, како и секое барање за
надоместок на штета во случај на задоцнување, односно прекин на патувањето да го
достави до превозникот во рок од 7(седум)  дена од денот кога патувањето  е завршено,
односно од денот кога требало да биде завршено, во спротивно го губи правото за
евентуална надомест на штета и/или остварување на друго право.
2.6 Патникот мора да ги почитува упатствата издадени од возачот и персоналот што го
придружува. Екипажот на автобусот е овластен да исклучува патници од патување доколку
се очигледно пијани или под дејство на дрога. Истото ќе важи и за патниците кои ја
загрозуваат безбедноста на своите сопатници од други причини или значително ја
нарушуваат благосостојбата на нивните сопатници. Во овие случаеви патникот нема право
на замена на превозот и/или било какви рефундации на возни билети. Строго е забрането
пушење на цигари во автобус, вклучувајки и електронски цигари.
2.7. Патниците кои ќе предизвикат нечистотија во автобусот, намерно или како резултат на
грубо невнимание се должни да му платат  на Превозникот такса за чистење од најмалку
50 евра, до најмногу 200 евра во денарска противвредност.
2.8 За време на паузите/застанувањата или полициските проверки, патниците во автобусот
треба да го напуштат автобусот доколку тоа го побара екипажот на автобусот. Патниците
се должни да го следат времетраењето на паузата дадено од екипажот на автобусот за
време на споменатите паузи. Возачкиот персонал е овластен да продолжи да вози доколку
патникот не се врати во автобусот по завршувањето на посоченото време за пауза и не е
одговорен за отсуството на патник по завршувањето на посоченото време за пауза.
2.9 Секој патник кој ќе патува преку која било меѓународна граница ќе биде единствено
одговорен за усогласување со сите закони и прописи кои се однесуваат на потребните
патни документи, визи, царински и здравствени прописи. Превозникот не е одговорен за
какви било последици поради неуспехот на патникот да се придржува кон таквите закони и
прописи, дури и ако тие се сменат по купувањето на возниот билет.

3. Обврски и одговорност на превозникот 

3.1 Со договор за превоз или возен билет превозникот се обврзува да го превезе патникот
до одредено место, а патникот се обврзува да му плати соодветен паричен надоместок на
превозникот.
3.2 Превозникот е должен да го превезе патникот според објавениот возен ред и купениот
возен билет, со возило што ги исполнува условите утврдени со прописи за возила и
посебните техничко-експлотациони услови пропишани за одделните видови на превоз.
3.3 Превозникот е должен на патникот да му издаде возен билет во хартиена или
електронска форма.
3.4 Превозникот одговара за штета настаната поради смрт, загрозување на здравјето или
повреда на патникот и за штета поради задоцнување или прекин на патувањето.
3.5 За штета настаната поради смрт, загрозување на здравјето или повреда на патникот
одговара превозникот ако таквата штета настанала за времето за кое патникот се наоѓа во
возилото.
3.6 Превозникот не одговара за штета настаната поради смрт, загрозување на здравјето или
повреда на патникот, во случај ако докаже дека штетата е предизвикана со дејствие на
патникот или од надворешна причина што не можела да се предвиди, да се избегне или да
се отстрани.
3.7 За штета настаната поради задоцнување или прекин на патувањето превозникот не е
одговорен ако докаже дека до задоцнувањето, односно до прекинот не дошло поради
негова вина.
3.8 За штета настаната поради смрт, загрозување на здравјето или повреда на патникот
превозникот одговара до износ во висина на осигурената сума означена на полисата на
осигурителната компанија со којашто превозникот склучил договор за осигурување на
патниците. За штета настаната поради задоцнување, односно прекин на патувањето
превозникот одговара до износот на двојна сума за платен превоз на конкретна релација.
3.9 За штета настаната од загубување или оштетување на багажот превозникот одговара
според одредбите утвредени во Законот за договорите за превоз во патниот сообраќај што
се однесуваат на надоместок на штетата поради загубување или оштетување на предмети
предадени за превоз, но само доколку штетата дошла по вина на превозникот.
Превозникот не одговара за штета поради загубување или оштетување на багажот ако
патникот не му достави на превозникот приговор веднаш по завршувањето на патувањето,
односно по преземањето на багажот.
Се претпоставува дека багажот е загубен ако на патникот не му е предаден во рок од 30
дена од денот кога патникот го завршил патувањето.

4. Враќање на возни билети и рефундација 

4.1 Патникот има право да го откажи возниот билет пред да започне со патувањето.
4.2 Превозникот ќе задржи 10%(десет проценти) од сумата што патникот ја платил за
конкретното патување, ако патникот се откажи од патувањето најдоцна два часа пред
почетокот на патувањето во внатрешниот патен сообраќај, а шест часа пред почетокот на
патувањето во меѓународниот патен сообраќај.

4.3 Ако патникот го користи своето право од точка 4.1 спротивно од роковите утврдени во
точка 4.2, превозникот има право на надоместок на штета во висина од 50% од сумата
платена за конкретното патување.
4.4 Рефундацијата на средствата за откажувањето на патувањето се вршат на
трансакциската сметката на патникот со која го купи возниот билет по електронски пат, а
доколку возниот билет го купил во готовина на автобуската станица, рефундацијата се
врши во дирекцијата на друштвото.

5. Превоз на багаж 

5.1 Патникот со купувањето на возниот билет се стекнува со право без дополнителен
надомест со себе да понеси багаж до 25 килограми и тоа една патна торба со димензии 100
cм/60 cm или две патни торби со димензии 50cm/30cm.
5.2 За дополнителен багаж во меѓународниот патен сообраќај се наплаќа надоместок од
10% од цената на патниот билет по торба, а во меѓуопштинскиот  превоз се наплаќа
надоместок од 10 денари по торба.
5.3 Рачниот багаж се превезува без дополнителен надоместок, но е ограничен на една
троба со максимална тежина од 5 килограми и со димензии од 40 x 30 x 18 cm.

6. Превоз на домашни миленици 

6.1 Превозот на домашни миленици е забранет на сите меѓуопштински и меѓународни
линии со превозникот

7. Права на патниците во случај на доцнење или откажување на превозот 

7.1 Ако превозот не започне во времето што е одредено во возниот билет, со договорот за
превоз или со возниот ред на превозникот, патникот односно корисникот на превоз и/или
организаторот на превоз може да се откаже од возниот билет или договорот за превоз и да
бара да му се врати сумата платена за договорениот превоз, под услов превозот да доцни
повеќе од 1 час од времето одредено во возниот билет, договорот за превоз или со возниот
ред на превозникот.
7.2 Ако во текот на превозот дошло до прекин на превозот од причини за кои патникот не е
одговорен, патникот има право да бара од превозникот, заедно со багажот, со свое или
друго соодветно превозно средство, да го превезе до крајната дестинација за која има
купено возен билет.
7.3 Доколку превозникот не го започне превезот на патникот до крајната дестинација за
која има купено возен билет во рок од 60 минути во внатрешниот превоз на патници и во
рок од 180 минути во меѓународниот превоз на патници, патникот има право да бара
превозникот, заедно со багажот, да го врати на појдовното место и да му ја врати сумата
платена за соодветниот превоз.

7.4 Покрај правото од точка 7.3, доколку во целост се откажи одредено патување или
доколку истото би било одложено за повеќе од 60 минути во внатрешниот превоз на
патници и за повеќе од 180 минути во меѓународниот превоз на патници, патникот има
право да ги одбери следните опции:
а) да побара рефундирање во целост на средствата за платениот возен билет
б) да побара бесплатно повратно патување на истата релација
Враќање на средствата ќе се изврши во род од 10(десет) работни дена, сметано од денот на
приемот на соодветното барање. Патниците своите барања можат да ги напишат по
електронски пат на официјалната електронска адреса на превозникот info@transkop.mk,
или во хартиена форма испратени до седиштето на превозникот, на ул. Никола Тесла
бр.160, 7000 Битола, Северна Македонија.

8. Завршни одредби 

8.1 За се што не е предвидено со овој акт ќе се применуваат одредбите од важечките
законски прописи во Република Северна Македонија што ја регулираат предметната
материја.
8.2 Во случај на спор, надлежен за решавање на истиот ќе биде Основниот суд во Битола.

mk_MKMK