Битола била меѓу првите градови во Македонија, која речиси веднаш по ослободувањето со посебен акт на 07 Март 1947 година било формирано државно претпријатие за автотранспорт под името „Претпријатие за авто-транспорт и шпедиција“ (АТШ) – Битола, а директен правен наследник на ова претпријатие е токму Транскоп А.Д. Битола и со основачкиот документ било прецизирано дека ова претпријатие е од републичко значење. Повеќе информации околу историјата на Друштвото може да се види следниот линк каде што е објавена монографиајта на Друштвото.